За нас
Сигурен партнер за метал и столарија
13+ години успешна приказна
2012
Нашето патување започна со ребрендирање и мал, посветен тим од 5 вработени, воспоставувајќи ги нашите основни услуги.
2015
Континуирано ги зголемувавме нашите капацитети, инвестирајќи во нови машини и проширувајќи го опсегот на нашите метални и градежни услуги.
2018
Нашиот тим постојано се прошируваше, достигнувајќи над 30 вработени, паралелно со набавката на камиони со дигалки, што ги зајакна нашите капацитети.
2022
Продолживме со експанзија, надминувајќи 60 вработени и значително ја проширивме нашата механизација со дополнителни кранови и платформи.
80+ изградени бојекти
2025
Со над 120 посветени професионалци и сеопфатен возен парк, вклучувајќи сопствени кранови, ние сме ваш доверлив партнер за сите големи градежни и метални проекти.
Нашата
механизација
01.
Машина за сечење профили до 120 мм
Оваа машина овозможува прецизно и брзо сечење на метални профили со дебелина до 120 милиметри, што претставува основа за изработка на различни конструкции.
02.
Платформи
Две технолошки напредни платформи за логистичка и техничка поддршка во производниот процес, увезени од Холандија. Се користат за манипулација, складирање и работа со тешки и големи елементи.
03.
Машински струг
Основна алатка за механичка обработка на метал, користена за прецизно стругање и обликување на цилиндрични компоненти.
04.
Рунд машина за виткање алуминиум и лим
Специјализирана машина за виткање на лимени и алуминиумски површини во кружни форми, идеална за изработка на цевки, цистерни и декоративни елементи.
05.
Печка за електростатско фарбање
Современа печка за завршна обработка со електростатско фарбање, што гарантира одлична адхезија, долготрајност и естетски изглед на финалните производи.
06.
Автоматска линија за ребрување
Автоматизирана машина за создавање ребра на лимови и панели, која значително ја зголемува цврстината и стабилноста на материјалите.
07.
Машина за слитување на лим
Машина за надолжно сечење (слитување) на лим во потесни траки, подготвени за понатамошна обработка или финална употреба.
08.
Апкант за виткање и сечење лимови
Хидрауличен апкант со висока прецизност кој овозможува виткање и сечење лимови под различни агли и димензии.
09.
ЦНЦ машини и опрема
• ЦНЦ машина со повеќе глави – Овозможува симултано извршување на повеќе операции, што значително го зголемува производниот капацитет.
• ЦНЦ рутер машина – Прецизна обработка на дрво, композити и алуминиумски материјали за изработка на комплексни форми.
• ЦНЦ машина – Стандардна компјутерски управувана машина за разновидни технички и производствени апликации.
10.
Апарат за ласерско сечење
Современ ласерски уред кој овозможува исклучително прецизно сечење на лим, нерѓосувачки челик и други метали со минимален отпад.
11.
Машина за заварување
Модерна заварувачка машина што гарантира силни и трајни заварени споеви, прилагодена за различни видови материјали и дебелини.
Покрај главните производствени машини, компанијата располага и со дополнителна техничка опрема како компресори, апарати за заварување, електрични и пневматски брусалки, кои се суштински дел од секојдневниот производствен процес и овозможуваат флексибилност и квалитет во секоја фаза од изработката.
Дигалки и подигателна опрема

.

.

.

.

.

.

.
Вилушкари

.

.

.

.
Платформи за работа на висина

.

.

.

.

.

.

.

.
Дополнителна платформа и опрема

.

.